Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук.

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат неготинци на социјалните мрежи.

-Точно два месеца поминати од исчезнувањето. Не сакаме ние како семејство на Миле, неговото исчезнување да биде заборавено и ставено во фиока, како предмет на расчистен случај. Ги замолуваме јавно надлежните институции и медиумите да се расветли случајот што поскоро, апелираа денеска и негови блиски преку објави на Фејсбук.

Миле Тодоров има 28 години.