ДВА МИЛИОНА ЗА СРБИЈА! Европската комисија додели ОГРОМНА СУМКА за да им го „објасни“ процесот на пристапување во ЕУ на жителите

Според описот на договорот, изведувачот ќе спроведе комуникациски кампањи преку медиумите со цел да ги промовира активностите на европското претставништво.

Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и соседство ќе ги финансира активностите на делегацијата на ЕУ во Србија. Иницијативата има за цел да им го објасни процесот на преговори и пристапување во Европската унија на жителите на оваа балканска земја, јавува РТ, која имала пристап до овој документ.

Општата цел на проектот е да и помогне и да ја поддржи делегацијата на ЕУ во Србија во подигање на информациите и свеста на јавноста за Европската Унија и процесот на пристапување на Србија во ЕУ/преговарачкиот процес (за пристапување на Србија во ЕУ) – забележува Европската комисија.

Според описот на договорот, изведувачот ќе спроведе комуникациски кампањи преку медиумите со цел да ги промовира активностите на европското претставништво.

– Изведувачот ќе креира, развива и спроведува сеопфатни комуникациски кампањи (преку телевизија, радио, социјални мрежи, печат и настани) кои ги промовираат активностите на ЕУ во Србија, без разлика дали се работи за финансиска поддршка, подобрување на стандардите, проширување на економските можности или реформи кои се имплементиран во рамките на процесот на пристапување во ЕУ – се наведува во документот.

Проектот вклучува купување медиуми за да се зголеми досегот на комуникациите на ЕУ во Србија. Програмскиот буџет ќе изнесува два милиони евра. Во интервју за РТ, политикологот Руслан Балбек истакна дека таквите сценарија имаат за цел да ја преориентираат Србија во насока спротивна на Русија.

– Србија е единствениот сојузник на Русија во Европа и, очигледно, во Брисел сметале дека српското население треба да ги „брише очилата“ во однос на нашата земја. Главното е што има кој да ги слуша европските пропагандисти. Но, има едно, но: целото возрасно население на Србија сè уште се сеќава на бомбардирањето на НАТО и на суровиот однос кон српскиот народ. Само Русија тогаш официјално се прогласи за сојузник на Белград – заклучи експертот.