Два нови минерали за ретки земји (REE) се пронајдени за прв пат во Финска.
Тоа би можело да биде поттик за снабдување на Европа со критични минерали кои се неопходни за енергетската транзиција.
Компанијата „Finish Minerals Group“ објави дека Геолошкиот завод на Финска за прв пат идентификувал два нови минерали, кукаренкоит и кордилит, од наоѓалиштето Сокли, пренесува Oilprice.com.
„Според резултатите од нашата студија, Сокли може да произведе најмалку 10 отсто од количината на РЕЕ што е потребна годишно во Европа за производство на постојани магнети“, се додава во соопштението на компанијата.
Експертот на „Финиш минералс груп“ Паси Хеино рече дека деловните можности поврзани со РЕЕ растат и дека производството на постојани магнети е од клучно значење за зелената транзиција.