„ДВА ПАТИ ДОЖИВЕВ КЛИНИЧКА СМРТ! Потресна исповед на Ханка Палдум, проговори и за одењето на нејзиниот син во затвор!
Пејачката Ханка Палдум позади себе има бројни хитови и повеќедецениска кариера, но и тешка животна приказна.
За нејзините музички почетоци заслужен бил нејзиниот помал брат Смаил, кој и бил голема помош и поддршка да успее на тој пат. Ханка важеше за една од најубавите девојки во Сараево, поради што нон-стоп била мета на додворувачи додека одела во средно училиште.
Пејачката се омажи во 1976 година. На самиот почеток на кариерата ја погоди првата семејна трагедија, кога почина нејзиниот татко.
Неколку години по нејзината молскавична популарност, таа за прв пат стана мајка, во 1981 година кога ја роди ќерката Минела, а пет години подоцна го роди синот Мирза.
-Имав многу тешки породувања, а и за двете доживеав клиничка смрт поради здравствени компликации. Пораѓањето со Мирза ми беше потешко кога бев мртва неколку минути и тоа е момент кој не сакам да го паметам. Мајчинството го доживував како природен редослед на нештата во животот и секогаш се сметав себеси првенствено за жена и мајка, а дури потоа за уметник. Музиката ја сметав за дел од мене, никогаш не обрнував посебно внимание на кариерата и не се грижев за деловниот успех, но поважно ми беше да ги водам децата на вистинскиот пат. Минела секогаш ми беше десна рака, голема помош, а особено кога беше мала можев да се потпрам на неа – изјавила Ханка.
Иако нејзиниот сопруг се носеше со нејзината кариера на вистински начин, нивниот приватен живот не беше „расцутени рози“. Затоа решиле да се разделат и да стават точка на 13-годишниот брак.
Во 2015 година како бомба одекна веста дека нејзиниот син Мирза имал сообраќајна несреќа и завршил во затвор. Тој беше осуден на две години затвор. Пејачката не криеше дека и било многу тешко.
-Тешко ми е, како што би било за секоја мајка, но таа емоција ја чувам за себе. Многумина ја злоупотребуваат мојата несреќа, но јас не се навраќам на такво нешто. Син ми е добро, од една страна, иако не може да биде добро, затоа што е во затвор – изјави еднаш Ханка за медиумите.