Двесте кубни метри наноси и отпад исчистени од речното корито на Луда Мара во Кавадарци

 Двесте кубни метри наноси и отпад беа исчистени денеска од речното корито на Луда Мара во Кавадарци. Се работи за наноси од земја и мил под мостот на реката, кај јаворот во централното градско подрачје.

Од Јавното претпријатие „Комуналец“ информираа дека во расчистувањето биле вклучени механизација, вработени од комуналното претпријатие и од општинската служба „Мој општинар“.

– Се чистеше со два скипа, два камиона кипери и еден трактор. Беа вклучени 10 вработени на ЈП „Комуналец“, се извади околу 200 кубни метри нанос и отпад, што беше наталожен во речното корито, појаснија од претпријатието.

Била вклучена и една цистерна, што врши перење на кејот по должината низ која се чистеше наносот.