Ноле, оди спиј! Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи по епскиот меч, изгледа дека адреналинот се уште го држи

Остануваат уште помалку од 30 часа до следниот натпревар

Новак изгледа не заспал по епскиот меч! Ѓоковиќ и сонародникот Ласло Џере одиграа пет сета и речиси четири часа тенис , во кои по пресврт славеше најдобар на сите времиња.

Тој меч заврши по нешто повеќе од пет часа, но Ѓоковиќ се уште не може да заспие. Околу седум часот наутро по њујоршко време, Ноле се огласи на социјалните мрежи и накратко го коментираше натпреварот кој се играше доцна во ноќта по локално време.

Океј, па тука се сите обврски по натпреварот, опуштање, враќање дома и сè, но дефинитивно му треба одмор. Ако спиел, тоа било многу кратко.

Сепак, Новак прво ја „ретвитна“ објавата на официјалниот профил на УС Опен, во кој е во прегратка со Ласло, со натпис:

– Голема почит за одличната тениска вечер.

А неговата втора порака е веќе стандардна: краток клип од прославата по победата и пораката:

– Одиме!

Се надеваме дека ќе одмори, бидејќи за неполни 30 часа го чека неговиот следен противник, Хрватот Борна Гојо .