Објавена листа на најбогати Германци: Еве кој е на врвот и каде е основачот на Лидл

Portal Manager-Magazin ја објави листата на 500 најбогати Германци.

Станува збор за луѓе чие вкупно богатство во текот на оваа година се зголемило за 82 милијарди евра и и покрај кризата достигна сума од 1.100 милијарди евра.

Најбогати акционери во BMW се Сузан Клатен и Стефан Кванд, кои имаат богатство од 40,5 милијарди евра. Втор најбогат човек е основачот на Лидл, Дитер Шварц, кој има богатство од 39,5 милијарди евра. На трето место е семејството Мерк, кое е основач на истоимената фармацевтска компанија, а кое има богатство од 32 милијарди евра.

Меѓу десетте најбогати Германци е и Бенџамин Ото, чие семејство е основач на истоимениот холдинг, кој се состои од 40 компании за малопродажба и финансиски услуги. Тука е и шефот на одборот на акционери на Хенкел и косопственик на синџирот супермаркети Алди, Симон Багел-Трах.

Менаџер-Магазин како причина за целокупното зголемување на имотот на 500-те најбогати Германци ги наведе инфлацијата и растот на берзанскиот индекс DAX за 40-те најголеми германски компании кои котираат на берзата во Франкфурт, пренесува Klix.

Меѓу 500-те најбогати се 226 со имот вреден над една милијарда евра, што е најголема бројка од 2001 година, кога почна да се објавува листата на најбогати Германци. Покрај тоа, оваа година има 14 милијардери повеќе од лани.