Новото истражување покажува: Дали чоколадото е навистина здраво?

Веројатно веќе некаде сте прочитале колку чоколадото е добро за вашето здравје, но како и многумина од нас, сепак бевте малку скептични.

Истражувачите често се занимавале со ова прашање, но и покрај се, тие се уште се далеку од вистински доказ за тоа колку е здраво чоколадото.

Сè беше засновано на флавоноиди, кои се наоѓаат во бројни растенија и храна од растителна основа, а какаото содржи бројни флавоноиди. Најголем фокус е токму на катехините и флаванолите. Овие хемикалии се одговорни за сè, од намалување на ризикот од развој на болести како што се дијабетес, срцев и мозочен удар и рак до подобрување на функцијата на мозокот.

Ако вашиот омилен вид чоколада е млечното чоколадо или некој друг вид бонбони полни со чоколадо, за жал, немате среќа, пишува HowStuffWorks. Најмногу флавоноиди има во чоколадото со најголем процент на какао.

Истражувањето за здравствените придобивки од чоколадото носи и добри вести. Повеќето студии се фокусираат на потенцијалот на чоколадото да се бори против болести кои многу лекари ги нарекуваат „големата четворка“: дијабетес, рак, мозочен удар и срцеви заболувања.

Се покажа дека луѓето кои јаделе по една табла чоколадо со висок флаванол дневно во текот на две недели, имаат значително подобрена функција и флексибилност на артериите. Сите здравствени придобивки од чоколадото се однесуваат на темното чоколадо.