Две деца загинаа во напад на украинската војска на рускиот град Белгород

– Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека две деца ги загубиле животите во напад на украинската војска на градот Белгород.

„Украинските вооружени сили извршија напад на центарот на Белгород. Според првичните информации, две деца ги загубија животите, а има и повредени во нападот“, рече Гладков.

Гувернерот Гладков рече дека градот и вчера бил нападнат, во кој едно лице загинало.

„Спречен е обид на киевската администрација да изведе терористичкиот напад со повеќецевни ракетни системи врз територијата на Руската Федерација на 29 декември“ објави руското Министерство за одбрана.