ФОТО | МОДНА КАТАСТРОФА ИЛИ МОДНА ИКОНА !? Џенифер Лопез ги изненади сите поради нејзиниот стајлинг на престижна манифестација – погледнете и оценете сами

Позната по своите непогрешливи модни комбинации, сопственичка на титулата стилска икона и жена која добива највисоки оценки од модните експерти, штотуку го подели светот. 

На социјалните мрежи кружат фотографии од гала настанот „Art+Film Gala“ во Лос АнџелесЏенифер Лопез на овој настан пристигнала во придружба на нејзиниот сопруг Бен Афлек, но во издание кое ги изненади сите – од колеги, модни експерти, до публиката и верните обожаватели.

Бен Афлек и Џенифер Лопез

Таа за овој настан се одлучила за предизвикувачки фустан. Горниот дел речиси и да го „заборавила дома“, а длабокиот шлиц ги открива совршените нозе на 54-годишната Џеј-Ло. Овој фустан го спои со шпиц сандали со висока потпетица, а исто така раскошен накит со црвен тон.

Сепак, многумина го споредија овој фустан со ноќница. Додека некои мислат дека Џенифер Лопез е „божица“, други мислат дека нејзиниот избор е „чист кич“. „Не знам кој стои зад овој фустан, но тој е ужасен“, „Хм чипка, проѕирна, ем шлиц… Премногу е“, „Какво модно промашување“, „Таа е убава без разлика што носи“, „Многу провокативно , напишаа многумина…