Жена од Бања Лука која била снимена како врши нужда на улица се самоубила

Д.М се самоубила, јавува локалниот ТВ канал АТВ. Според нив, станува збор за жена која пред неколку недели била снимена како врши нужда на улица во Бања Лука.

Откако видеото беше објавено на мрежата Х (поранешен Твитер), корисниците вербално ја линчуваа, се вели во него.

Семејството на жената за АТВ вели дека почнале се за да го пронајдат лицето кое неовластено ја снимало и да ја искористат снимката на социјалните мрежи

Исто така, жената наводно добила навредливи пораки по ширењето на видеото, а семејството сака да открие кој и ги испратил тие пораки.

Сето тоа, сметаат тие, влијаело на трагичниот чин.