„Две и пол години немавме секс“ – Поранешниот сопруг на Бубамара проговори за причините за развод: Спиевме во посебни соби! (фото)

Животот на пејачката Дара Бубамара со години ја заинтригира јавноста, а пред сè нејзиниот љубовен живот.

Зад себе има два брака, првиот сопруг речиси и не го спомнува во јавноста, додека за вториот Милан Кесиќ со задоволство зборува и истакнува дека имаат одлични односи.

Дара и Милан се венчаа во 2008 година. Oд бракот го имаат синот Коста, но по неколку години ставија точка на емотивната врска.

Милан еднаш отворено проговори за љубовта и врската со пејачката.

– Јас и Дара се знаеме 12 години, бевме најдобри другари. Малку е тешко да ви го објаснам нашиот однос, доста е специфичен. Вистинската вистина е дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит – изјави Милан и додаде:

-Постоеше страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена, па се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука – искрен беше Кесиќ во една прилика пред медиумите.