Две третини од луѓето одат во тоалет со своите телефони, а вие? Интересни резултати од истражувањето
Дури и ако се срамите да кажете дека одите во тоалет со вашиот телефон и читате нешто на Интернет и на социјалните мрежи таму, треба да знаете дека речиси две третини од луѓето во светот го прават тоа!
Во истражувањето на компанијата за безбедност на интернет „Норд ВПН“, која опфатила жители на 10 земји, било откриено дека 65 отсто од луѓето мора да носат мобилен телефон кога одат во тоалет.
Водечки се Шпанците со 80 отсто, потоа Полјаците со 73 отсто, на трето место се Американците – 71 отсто, а Британците 59 отсто, како и Германците 55 отсто. Малку повеќе од половина од анкетираните најчесто гледаат на социјалните мрежи, 38 отсто читаат вести, а 30 отсто сакаат да играат игри.
Ханс-Јирген Рамф, психолог од германскиот универзитет во Либек, вели дека ваквото однесување не е ново бидејќи и пред паметните телефони луѓето читаат весници и стрипови во тоалетот.
– Почесто беше кај мажите, но денес нема разлика меѓу половите. Со оглед на тоа дека мобилниот телефон нуди повеќе можности, сега секој и секаде може да го користи за да плати сметка, да купи нешто, па дури и да испрати деловен мејл – вели Рамф.