Движење Беса: Владата го развива бизнисот со казино, ги заборава патиштата што ги поврзуваат Албанците
Движењето Беса на Билал Касами ги обвини владејачките партии за недостиг и доцнење на капиталните инвестиции во регионите каде живеат Албанци. Според оваа партија, Владата носи одлуки за отворање и развој на бизнисот со казино, запоставувајќи ги, како што велат од оваа партија, граѓаните кои си ги ризикуваат животите на стари, дотраени и нестандардни патишта.
„ДУИ со децении во Владата само ветуваше инфраструктурен развој, но ништо не постигна. Земјата со автопат е поврзана со Грција, Бугарија и Србија, но никогаш не успеа да се поврзе со Косово и Албанија. Автопатот Кичово – Охрид останува само ветување и проект од кој ДУИ како дел од власта само ги изнудува граѓаните со ребуџетирање и пренаменување на стотици милиони евра за овој автопат кој не е завршен десет години. . Истото со автопатот Скопје – Блаца. Се уште не се завршени десетици ветени рокови за градба и првите 2 километри. Тоа се факти кои кога станува збор за капитални инвестиции во албанските средини, ДУИ е прва што ветува, но последна што ги реализира“, вели Бесар Дурмиши од Беса.
Според Дурмиш, Владата на Македонија ќе има ист пристап и за патот Тетово – Призрен, за кој, како што вели, Владата на Косово ги почнала сите процедури.
„Апелираме до Владата, доколку не е подготвена и не сака да ги поврзе Албанците од Македонија и Косово со автопат, нека ги даде ингеренциите на општина Тетово и оваа желба на граѓаните ќе стане реалноста многу брзо, бидејќи десетици општински патишта станаа реалност, бидејќи Движењето БЕСА ја предводи локалната власт“, изјави Дурмиши.
Движењето Беса ги прашува функционерите на ДУИ каде завршуваат парите од државниот буџет што треба да се инвестираат во автопатиштата.