Движење БЕСА: Извештајот на „Транспаренси интернешнал“ ја разоткри неспособноста на власта да се бори против корупцијата
Извештајот на „Транспаренси интернешнал“, за индексот на корупција, уште еднаш беше доста загрижувачки за Северна Македонија, која е рангирана на 85-то место во светот за борба против корупцијата од вкупно 180 земји. Според извештајот, Северна Македонија многу бавно прави чекори во борбата против корупцијата во сите сфери. Иако Владата на земјава некогаш се фалеше со овие бројки, сега воопшто не ги ни коментира, немо прифаќајќи го неуспехот да ги деполитизира институциите, да се бори против корупцијата, поефикасна администрација и независно судство.
Движењето БЕСА ја изразува својата загриженост дека недостига волја за борба и спречување на корупцијата и дека ние како држава се уште се соочуваме со политичко мешање во судството како и кражби во секоја државна институција. Иако Владата отсекогаш прокламирала дека за влез во ЕУ мора да се бори против негативните појави, според извештајот, се покажува дека многу малку се придвижува во оваа насока и дека членството на земјата, исполнувањето на сите реформи, е главната задача на земја која во иднина претендира да биде дел од големото европско семејство.