Двојникот на Меси е вистинска ѕвезда каде и да се појави, но има само една „мана“

Леонардо Естебан Адријан Гори е име кое на прв поглед не кажува ништо, но кога ќе ги видите неговите фотографии, станува јасно зошто 41-годишниот маж се прослави.

По потекло од Аргентина, Гори работи како возач, но неговата неверојатна сличност со Лионел Меси (36) го направи ѕвезда и на улиците на неговата земја и на интернет.

Гори сфатил дека може да стане познат поради неговата сличност со фудбалерот на Интер Мајами, па направил профил на Инстаграм под името „Ја нисам Меси“ кој собрал речиси 150.000 следбеници.

Неговата содржина е хумористична – разни имитации на неговиот идол, како на пример познатата фотографија на која Меси спие со трофејот на Светското првенство во кревет или моментот кога Катарците го облекоа во црната наметка.

Навивачот на Меси често го запираат луѓе на улица за да се фотографираат, иако луѓето јасно знаат дека не е тој.

Причина? „Оригиналниот Меси“ е висок 1,69 метри, додека Гори е висок речиси 1,90 метри.