Девет загинати и 31 повреден во автобуска несреќа во Колумбија

 Девет лица загинаа, а 31 се повредени во Колумбија кога автобус со венецуелски мигранти падна во провалија, соопштија властите.

Полковник Луис Хесус Леон изјави дека „90 отсто од патниците во автобусот биле Венецуелци, кои оделе за Картагена“.

Полицијата извести дека во несреќата загинале шест мажи и три жени, меѓу кои две малолетни.

Несреќата се случила околу 4:20 часот (11:20 часот по средноевропско време), во близина на градот Плејона, во областа Сантандер, на североистокот на земјата, на патот на карипскиот брег на Колумбија.

Несреќата се случила кога автобусот излетал од патот и паднал во провалија длабока околу стотина метри.

На видеата што ги објави цивилната заштита, може да се види автобусот среде грмушките и расфрлана облека на местото на несреќата.