Ова е важно! Еден месец по смртта на Метју Пери се огласи неговото семејство: Вака наоѓаат утеха по смртта (фото)

Еден месец по смртта на Метју Пери, неговото семејство повторно се огласи. Тие ја истакнаа нивната важна цел да му оддадат почит на холивудската ѕвезда. Трогателно и потресно.

Познатиот актер почина на 28 октомври во Лос Анџелес. Неговата помошничка го пронашла мртов во џакузито. Се чекаат резултатите од токсиколошките анализи за да се утврдат причините за смртта.

Кортни Кокс, Метју Пери, пријатели

Семејството на Метју Пери е насочено кон Фондацијата именувана по актерот, која беше основана на 3-ти ноември. Тие се надеваат дека ова здружение ќе им помогне на многумина кои се борат со зависности.

Семејството на Пери ексклузивно изјави за People дека Фондацијата ќе биде клучен начин за нив да му оддадат почит на Метју.

„Важно е за нас, како семејство, да го почитуваме наследството на Метју . Можноста која Фондацијата Метју Пери ја има да им помогне на оние кои се борат со зависноста е нешто што сме горди да го споделиме со светот“.

Очувот на Метју Пери, Кит Морисон, неодамна изјави за X Network: „Ова не е нешто што обично го правам, но оваа година е поинаку. А утре е Денот на благодарноста. Затоа ќе ги направам сите потребни обичаи на овој празник“. 

Тој ги повика сите да и’ помогнат на Фондацијата во остварувањето на нејзината важна цел.

Метју Пери со години се бореше со зависноста од дрога и алкохол и за тоа зборуваше јавно, а значаен дел од неговите мемоари од 2022 година се однесуваат на овие теми. Тој исто така рече дека би сакал да основа фондација. Таа е основана по неговата смрт.

Метју Пери

Семејството на Метју Пери ја објави следнава изјава по трагедијата : „Ние сме скршени од трагичната загуба на нашиот сакан син и брат. Метју донесе многу радост во светот, и како актер и како пријател. него и ние го цениме тоа“.