Земјотрес кај нуклеарната централа Кршко: Земјата се тресеше околу пет секунди, жителите во паника (ФОТО)

Земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа кај Кршко во Словенија околу 19 часот.

Според сеизмолошките служби, епицентарот на земјотресот бил кај Кршко со длабочина од 4,9 километри под површината на земјата. Нема информации за сериозни штети, но земјотресот предизвика паника кај локалното население.

– Се тресеше околу 5 секунди – вели еден корисник на апликацијата LastQuake.

– Кратко, но моќно – додаде друг.

– Лежев на креветот и реков: „Ооо Боже, како некој да ми го ниша креветот“ – ова се само дел од коментарите на апликацијата.