Девојката на Бака Прасе направи скандал во Белград: Се дереше по децата кои ја снимаа – не бираше зборови (ВИДЕО)

Девојката на Бака Прасе, инфлуенсерката Ања Благојевиќ, попозната како Ања Бла, воодушевените обожаватели ја снимиле во скап автомобил во центарот на градот, но тоа ја налутило и цело време ги пцуела.

Имено, фановите ја виделе инфлуенсерката Ања Благојевиќ во скап автомобил како влегува во паркинг гаражата пред трговскиот центар и почнале да ја снимаат, што ја револтирало и почнала да им вика и да ги пцуе.

-Марш бре, што ви е?! – викаше таа.

-Немој така – и’ рекле децата кои цело време ја снимале.

Таа во еден момент сакала да излезе од автомобилот велејќи им:

-Зошто не разбирате?!“, а фановите во тој момент почнале да трчаат.

На социјалните мрежи се појави видео со натпис „Срам да ти е Ања“, а можете да го погледнете погоре.