Девојката на Ристовски го промени имиџот! Аница веќе не изгледа исто, па на Инстаграм го покажа своето ново издание! „Совршено ти одговара“

За љубовта на познатиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата емотивна партнерка и колешка Аница Лазиќ, 39 години помлада, не престанува да се зборува.

Тие неодамна за првпат се појавија заедно во јавноста, а на социјалните мрежи се појавија моменти од местото на настанот.

Аница во последно време е многу активна на својот Инстаграм профил, а сега на сите им ја покажа промената што ја направи на себе.

Имено, Аница ја обои својата руса коса во можеби најпопуларната боја оваа сезона и веднаш ја сподели фотографијата јавно.

Сликата може да ја погледнете ТУКА

„Убаво ти стои“, „бојата е премногу убава“, „Совршено ти стои“, се само дел од коментарите.

За Аница неодамна почна да се зборува дека таа и Лазар се вериле , бидејќи споделила фотографија на која во преден план е прстенот на нејзината рака.

– Честитки за храброста да го следиш твоето срце! Не може да биде погрешно, ако вашите намери се чесни! – пишувало меѓу другото во една порака, додека Аница одговорила со емотикон од срце.