ЕУ е домаќин на 4,2 милиони украински бегалци

 – Околу 4,2 милиони украински бегалци живеат во земјите членки на ЕУ според шемата за привремена заштита на Блокот, објави Агенцијата за статистика на ЕУ.

„Околу 4,2 милиони граѓани од земји кои не се членки на ЕУ, што избегаа од Украина како последица на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, имаа статус на привремена заштита во земјите членки на ЕУ“, се вели во соопштението на Евростат.

Според последните податоци собрани на 30 септември, Германија (1,194 милиони), Полска (958.000) и Чешка (357.000) се домаќини на најголем број украински бегалци.

Во споредба со нивното вкупно население, Полска и Чешката Република пречекаа најмногу Украинци.

Со 46,5 отсто, возрасните жени сочинуваа најголем дел од украинските бегалци во 27-члениот Блок, додека втората по големина група беа децата, што претставува 33,7 отсто.

На 4 март 2022 година, Европскиот совет едногласно усвои привремена заштита за луѓето кои бегаат од Украина како последица на руската војна против Украина.