Тоа никој не го очекуваше: Ким Кардашијан го соблече градникот среде реклама 

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан често објавува атрактивни фотографии на Инстаграм, но видео материјалот кој неодамна го прикажа во јавноста предизвика бура на мрежите.

Ким Кардашијан објави промотивна кампања за својот бренд „Skims“ и на тој начин ја претстави најновата колекција на градници. А целата кампања немаше да привлече толкаво внимание доколку ријалити ѕвездата не се решише да го пласира својот производ на необичен начин.

Во еден момент Ким го соблече градникот, забележувајќи дека градите и се „заматени“ на видеото, а потоа набрзина го облече вториот, односно најновиот градник од нејзината колекција.

Видеото се прошири на социјалните мрежи, а нејзините многубројни следбеници ги воодушевија новите градници, но и промотивниот видео материјал.