ДЕВОЈКА ПАДНАЛА ВО ШТИКЛИ И ЈА ТУЖИЛА МОДНАТА КОМПАНИЈА – Бара 100.000 евра бидејќи повеќе не може да носи високи потпетици !?

Клои Микелборо (31 г.) снимаше реклама за „Stella Mccartney“ во Милано во 2018 година кога паднала на подот. Подоцна на социјалните мрежи објави дека при падот ја скршила петицата, поради што има постојани болки и отоци во стапалото што, како што вели, ја спречува да носи модерни чевли.

Клои Микелборо сега бара отштета бидејќи, како што вели, може да носи само патики и не може да танцува. Но, компанијата „Stella Mccartney“ го оспорува тврдењето и ја обвинува Клои Микелборо за несреќата. Судењето за случајот треба да се одржи судот во Лондон.

Брендот е популарен кај познатите личности како Меланија Трамп, Бијонсе и Амал Клуни, сопруга на актерот Џорџ Клуни, а компанијата заработи околу 32 милиони евра на најновите годишни сметки.

Клои Микелборо се здобила со фрактура на левата петица за која и било потребна операција, две години подоцна операцијата била повторена за да се поправи скршеницата и да се одвојат тетивите на нејзините прсти. Истовремено, таа има симптоми на посттрауматски артритис на оштетените зглобови и продолжува да има болки, вкочанетост и отоци во левото стапало, поради што бара соодветна оштета.