Девојка се удавила во езеро во Италија додека се обидувала да го спаси својот помал брат

АНА Лоренци, 20-годишна девојка од Верона, се удавила вчера во езерото Гарда на северот на Италија додека се обидувала да го спаси својот 14-годишен брат, пишува италијанската агенција Анса.

Трагедијата се случила во градот Корно. Ана, 14-годишниот брат и 17-годишната сестра ги однела струјата на околу 30 метри од брегот, од каде што ги набљудувал нивниот татко.

Братот се изморил од пливањето и почнал тешко да дише а Ана се обидела да му помогне. Таа се удавила.

Двајца млади момчиња потоа скокнале во езерото и го извлекле 14-годишното момче на брегот. Подоцна, телото на Ана исто така било пронајдено.