РАНЕТИ СЕ 1.115 МАЛОЛЕТНИЦИ – Од почетокот на руската инвазија на Украина, убиени се 503 деца

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина објави дека руската армија досега убила 503 деца и ранила најмалку 1.115 од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

„Повеќе од 1.618 деца беа погодени во Украина за време на агресијата на Руската Федерација, според официјалните информации на обвинителот за малолетници, убиени се 503 деца, а повеќе од 1.115 се ранети“, се вели во соопштението.

Најмногу деца се убиени во регионите Доњецк (485), Харков (299), Киев (129), Керсон (121), Запорожје (99), Миколаев (97), Дњепропетровск (95), Чернихив (71) и Луганск (67), пренесува Укринформ.

Шестгодишно девојче загина, а 15 деца на возраст од една до 15 години се повредени во саботата во руски ракетен напад врз центарот на Чернихив.

За време на вчерашниот напад загинаа седум лица, а 148 се ранети.