Девојка (16 г.) пронашла паричник во кој имало повеќе од 7.000 евра, а тоа што го направила е вистинска реткост

Девојка (16 г.) од Куксхавен, германски град на брегот на Северното Море, пронашла паричник во кој имало повеќе од 7.000 евра и парите ги предала на полицијата.

Една девојка во саботата навечер пријавила изгубен паричник во полиција во областа Лидингворт, а полицијата успеала да го идентификува вистинскиот сопственик.

Сопственикот патувал од Хилдесхајм до Куксхавен, околу 240 километри, за да си го врати паричникот.

Во паричникот имало 7.371 евра, пренесуваат германските медиуми.

16-годишното девојче добило „соодветна компензација“, се вели во соопштението на полицијата во неделата наутро, но не го соопшти точниот износ на наградата.