Девојче (2) пронајдена мртва во близина на куќата, мајката Кристина откри во кого се сомнева: Дали убиецот се обидел да ги сокрие трагите?

Малата Раиса Марија исчезнала вчера во раните попладневни часови, додека си играла со другите деца во дворот.


Девојчето Раиса Марија (2), чие исчезнување било пријавено вчера во Долје, во вторникот попладне е пронајдено мртво во близина на куќата во која живеела со родителите.

Телото на девојчето било фрлено во густите грмушки со траги на насилство по телото, поради што полицијата смета дека се работи за убиство.

Родителите на девојчето во полиција рекле дека се сомневаат во лихвари на кои им должеле пари, а кои во неколку наврати им се заканувале.

„Не ни се закануваа дека ќе ни го убијат детето, но имаше закани, често се расправавме. Не знаеме ништо, кој можел да го стори тоа“, вели мајката на девојчето, Кристина.

Откако било пријавено исчезнувањето на девојчето, полицијата започнала истрага.

Денеска беа сослушани неколку членови на семејството на малата Раиса Марија.

Девојчето и нејзините браќа биле чувани од бабата и дедото, додека родителите работеле во странство.

Малата Раиса Марија исчезнала вчера во раните попладневни часови, додека си играла со другите деца во дворот. Родителите најпрво мислеле дека таа отишла кај баба и која е на само неколку метри. Меѓутоа, набрзо сфатиле дека детето никогаш не стигнало до својот дедо.

Потрагата започна веднаш. Во текот на целата ноќ на терен беа повеќе од 150 полицајци, волонтери и граѓани, а во потрагата беа вклучени хеликоптер, дронови и кучиња трагачи. За жал, телото на девојчето било пронајдено утрово околу 10 часот, а се претпоставува дека е убиена.