Официјални лица рекоа дека на девојчето, идентификувана како Сидни Вестон, и се слошило и дека авионот морал итно да слета
Осумгодишно девојче загина на летот на Јунајтед ерлајнс за САД , соопштија официјални лица.
Летот на Јунајтед 5121 полета од Џоплин, Мисури во 6 часот наутро во четвртокот и беше упатен кон Чикаго кога се пренасочи кон Пеорија, Илиноис, околу 45 минути по полетувањето.
Официјалните лица рекоа дека на девојчето, идентификувана како Сидни Вестон, и се слошило и дека авионот морал итно да слета .
„Нејзиното семејство веднаш го известило екипажот на летот за нејзината состојба и тие брзо почнале да пружаат помош“, рекол судскиот вештак, пренесува Дејли Мејл.
Болничарите го пречекале детето на аеродромот по слетувањето на авионот, но девојчето не дишело и немало пулс, соопштија од коронерската канцеларија.
Сиднеј беше итно пренесена во болница, каде што беше прогласена за мртва нешто по 8 часот наутро, и покрај „агресивните напори за реанимација“.
Обдукцијата е закажана за в петок.
Сиднеј била од Мисури и била на одмор со семејството кога се случила трагедија.
Летот 5121 повторно полета за Чикаго околу 13 часот во четвртокот.