ДЕДОТО НА ВАЊА “СОРАБОТУВАЛ” СО НЕЈЗИНИОТ УБИЕЦ !? Целосно НОВО откритие во истрагата за случајот што ГО ВОЗНЕМИРИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН!?

Убиецот на Вања имал и стан во истата зграда во која живеела со мајка си и сестра си.

Љупчо Палевски Палчо, кој е уапсен во Турција врз основа на потерница издадена по него од Македонија под сомнение за киднапирање и убиство на Вања (14) и фризерот Панчо Жежевски, со години имал канцеларија на поткровјето на зградата каде што девојчето живеело со нејзината мајка и помладата сестра.

Како што пишуваат македонските медиуми, Палевски го познавал Ванчо Лазаров, дедото на малата Вања, со кого извесно време имал блиска деловна ( а можеби и пријателско-политичка ) соработка.

Палевски ја изградил и зградата во која дедото на Вања купил стан, а таму во периодот кога беше во цутот неговата бизнис кариера се наоѓаа канцелариите на Палевски и беше сместена формата Упа Ентерпрајз, каде девојчето живеело со мајка и и сестра и, каде што на кобниот 27 ноември била киднапирана, а подоцна и убиена. 

Дедото на Вања, Ванчо Лазаров, бил директор на скопската царина, потоа в.д. директор на Царинската Управа, а подоцна и советник во една од најголемите нафтени компании во Македонија. Потоа купил стан во зграда изградена од Палевски, кој имал свои канцеларии на поткровјето, што значи дека тој можеби ја познавал малата Вања. 

Да потсетиме, Вања беше киднапирана на 27 ноември, кога наутро отишла на училиште. Таа била киднапирана во влезот на зградата, а како што утврдила истрагата, Палевски ја убил два часа подоцна. 

Љупчо Палевски на 30 ноември побегнал прво во Белград, каде бил сместен во еден хостел во близината на Правниот факултет, а потоа со бел џип ренџ ровер преку Бугарија замина во Турција, каде што бил лоциран и уапсен во вторник, на 5 декември. Покрај него, за киднапирањето и убиството на малата Вања беа осомничени и за убиството на Панчо Жежевски, фризер од Велес, кој беше ликвидиран на 22 ноември и чиј автомобил беше користени во киднапирањето на Вања. 

Уапсен е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој и помагал на оваа група во киднапирањето на неговата ќерка откривајќи им кога таа одела на училиште.

Беше приведен и Васко Стојков, адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски.