“ДЕЛЕГАТОТ ГЛЕДАШЕ И НЕ НАПРАВИ НИШТО!“ – Група Албанци во Германија жестоко ја пцуеле Србија и ги навредувале играчите на Бачка Топола по натпреварот против Фрајбург во ЛЕ

Бача Топола доживеа вистински дебакл во четвртото коло од групната фаза на Лига Европа против Фрајбург, но на крајот домаќините беа многу повеќе вознемирени.

По натпревар во кој немаше провокација на теренот, дојде до неверојатен скандал кој го предизвикаа навивачите на Фрајбург.

Како што пренесуваат соедните медиуми, тројца-четворица Албанци извикувале разни работи, ја пцуеле Србија и мајките на фудбалерите на клубот од Бачка Топола, притоа споменувајќи го и „болното“ Косово.

Според информациите, фудбалерите на Бачка Топола ги гледале со неверување, како и Германците околу нив, а престанале да пцујат дури кога последниот фудбалер на српскиот тим влегол во тунелот. 

Делегатот на натпреварот, Артур Азарјан од Ерменија, застана пред тунелот и гледаше што се случува. Дали и што запишал е дискутабилно!“ пренесуваат српските медиуми, а сега останува да се види дали УЕФА ќе реагираат.