Делови од покривот на кула стара 650 години во Кина паѓаат на земја додека туристите се движеле околу нејзините ѕидови

Делови од покривот на кула стара 650 години во источна Кина почнаа да се уриваат за неколку секунди додека туристите се движеа околу нејзините ѕидови.

Бројни слики од инцидентот на социјалните мрежи го прикажуваат уривањето на кулата Фенгјанг тапан почнувајќи од долната половина на покривот, а делови од врвот исто така се нишаат.

Потоа делови од покривот паднале на земја, предизвикувајќи голем облак од прашина, пренесува Телеграф.

@aljazeeraenglish Eyewitness video shows the moment the roof of the historic Fengyang Drum Tower collapses in #China’s #Anhui province. The 650-year-old structure was built during the Ming Dynasty. #news #DrumTower #Fengyang #viral ♬ original sound – Al Jazeera English

Инцидентот во покраината Анхуи, кој се случи во понеделник, не предизвика повредени и е под истрага, според државниот медиум „Глобал тајмс“ повикувајќи се на туристичките власти.

Кулата била подложена на проект за поправка од 2023 до март 2024 година.

Кулата е изградена во 1375 година и официјалните лица ја признаваат како најголема постоечка во Кина.

Сегашната зграда е обновена во 1995 година, откако оригиналниот дел бил уништен во 1853 година.