Дел од летовите на аеродромот во Манчестер откажани или одложени поради прекин на напојувањето со електрична енергија
Голем број летови од аеродромот во британскиот град Манчестер се откажани или одложени откако прекин во напојувањето со електричната енергија во тоа подрачје предизвика големи нарушувања, изјави портпаролот на аеродромот.
За прекинот прв јави „Скај њуз“, кој соопшти дека има прекин со напојувањето со струја на аеродромот и во голем број други згради.
„Напојувањето со струја повторно функционира, но услугите ќе бидат засегнати во текот на денот“, се додава во извештајот.
„Патниците кои патуваат од терминалите 1 или 2 се советуваат да контактираат со нивните авиокомпании пред да пристигнат на аеродромот. Патниците кои треба да летаат од терминалот 3 треба да пристигнат на аеродромот како и обично, освен ако нивната авиокомпанија не ги советувала поинаку, но можни се доцнења“, рече портпаролот на аеродромот“