ДЕЛ ОД РУСКА РАКЕТА ПАДНА ПРАВО НА АВТОПАТ ВО КИЕВ: Возачите биле на СЕНТИМЕРИ од смртта, но имале НЕВЕРОЈАТНА СРЕЌА (ВИДЕО)

Во понеделникот на 29 мај се случи уште еден руски напад врз Киев, а камерата на автопатот во северниот дел на Киев го сними падот на остатоци од проектил.

Ова видео го објави еден корисник на Твитер, а на него се гледа како проектилот буквално ги промашил автомобилите за неколку сантиметри, а возачите имале луда среќа и ја избегнале смртта.

Видеото предизвика бројни коментари, дел од коментаторите останаа вчудоневидени, а некои и зачудени што по неговиот пад автомобилите продолжија да возат како ништо да не се случило.