Огнот ја зафатил кабината на автомобилот, пожарникарите предупредија: „Не го оставајте тој предмет на контролната табла во лето!“

Противпожарните екипи издадоа остро предупредување откако очилата за сонце предизвикаа пожар кој уништи автомобил

Бидејќи температурите растат и луѓето повеќе ги користат очилата за сонце, противпожарните екипи издадоа остро предупредување откако очилата за сонце предизвикаа пожар кој уништи автомобил.

Шокантните фотографии открија како очилата за сонце оставени во автомобил во Нотингемшир, Велика Британија предизвикале пожар кој ја стопил внатрешноста на возилото. Очилата ја засилуваат сончевата светлина, па затоа не е тешко да се открие зошто ја стопиле контролната табла на автомобилот и предизвикале пожар во моторниот простор.

Противпожарната и спасувачката служба на Нотингемшир била повикана на местото на пожарот во 17.05 часот во саботата во Нутал и оттогаш издаде предупредување до возачите да не оставаат рефлектирачки предмети во автомобилот .

Тие рекоа: „Сонцето беше светло, но бидете внимателни – ова може да предизвика пожар. Претходно бевме сведоци на пожар предизвикан од очилата за сонце оставени на контролната табла. Внимавајте да ги чувате рефлектирачките предмети подалеку од директна сончева светлина“.

Шокираните возачи се огласија на социјалните мрежи за да се заблагодарат на службата за предупредувањето, без поим дека станува збор за таква опасност. Еден рече: „Добра информација, изгледа гадно. Браво што го дадовте предупредувањето и го изгаснавте пожарот“. Друг додаде: „Никогаш не го знаев тоа! Благодарам“.