Демири: Истражните органи да ја спроведат истрагата за убиениот лекар, да се подигне свеста на населението за здравствените работници
Министерот за здравство, Илир Демири информира дека нема информации околу случајот со убиството на лекарот во Железара. Очекува истражните органи и Министерството за внатрешни работи да ја спроведат истрагата.
-За жал, немам информација. Државата треба да ја спроведе истрагата. Тоа зависи од истражните органи и од Министерството за внатрешни работи. Јас, длабоко жалам за изгубениот живот. Тоа треба да го осудуваме сите тој акт. Министерството за здравство го осудува актот, рече Демири на прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против туберкулозата.
Министерот нагласува дека за да се намалат овие насилни напади врз здравствените работници неопходно е да се зголемат безбедносните мерки.
-Не знам како друго би можело да се намали влијанието и таквите насилни испади врз здравствени работници, освен во секоја институција да се зголемат безбедносните мерки. И да се подигне свесноста на населението дека здравствените работници се нивни пријатели, нивни слуги. Ова зависи многу од колективната свесност, рече Демири