Демири треба да одговори зошто се затворени операционите сали на Клинички

Министерот за здравство Илир Демири за денеска најави пресконференција на која по еднонеделен молк треба да даде одговори за тоа кои се причините за затворените операциони сали на Хируршките клиники каде се шири непријатна миризба, и нејасно е дали станува збор за проблеми со системот за довод на кислород.

Обвинителството ќе истражува дали има кривично дело околу скандалот со затворените операциони сали, по добиено известување од министерството.

Веќе е сослушан претставник на Министерстовтото за здравство, а од денеска информации со Обвинителството ќе споделат и директорите на клиниките.

Поради затворените сали на клинички, последнава недела, се зголемува притисокот врз други болници каде се пренасочуваат пациентите.

Надлежните велат се трудат секој пациент да биде згрижен.

Дополнителен проблем, беше и немањето вода, поради зафатот на водоводната мрежа, па пациентите пиеја вода од цистерна.