ШПАНСКАТА ЛИГА ГИ ОСУДИ РАСИСТИЧКИТЕ НАВРЕДИ НА ВИНИЦИУС: Барселона спроведува истрага меѓу навивачите

Шпанската лига ги осуди расистичките навреди упатени кон играчот на Реал Мадрид Винисиус Јуниор за време на големото дерби во Примера против Барселона.

На 28 октомври Реал на гостински терен ја совлада Барселона со 2:1, а Винисиус повторно беше мета на расистички навреди, како што беше на многу натпревари во претходните две сезони.

Во својот неделен извештај до Шпанската фудбалска асоцијација, раководството на лигата, меѓу другото, наведе „извештај за инциденти на стадионите кои можат да поттикнат насилство, навреди и нетрпеливост“.

Во извештајот се наведува дека Винисиус бил расно малтретиран од навивач за време на натпрева против Барселона.

Раководството на Барселона најави дека ќе го истражи наводниот расистички инцидент на нивните навивачи.