Демократски сојуз: “Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал“
Денес на парламентарни седници во првата фаза, од сите присутни пратеници, беа поддржани два многу битни закони.
По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да гласаат.
Во првата фаза беше поддржан и Предлог – законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, закон со кој ќе започне неселективна борба против организираниот криминал и справување со високата корупција.
Се предвидува формирање на независна Агенција, надвор од какви било политички и други центри на влијание. И по овој закон следи амандманска расправа и повторно изјаснување на пратениците.
СООПШТЕНИЕ – Демократски сојуз