Демонското злосторство го шокираше дури и шерифот: Убил и распарчил доставувач на храна. Потоа го фрлил во ѓубре

Истражителите веруваат дека Оскар Солис го убил доставувачот додека го ограбувал. Имало крв низ целиот стан, а надзорните камери го снимиле Солис и уште едно лице како носат кеси за отпадоци.

“Нема да навлегувам во деталите за одвратниот случај. Оваа личност… Тоа што го направи е демонско”, згрозениот шериф Крис Ноко го коментираше случајот со Оскар Солис (30), за кого истражителите се сомневаат дека го убил, распарчил а потоа го фрлил телото на доставувачот во ѓубре. Осомничениот е уапсен во Холидеј, Флорида за убиство на возач за испорака на Uber Eats. Посмртните останки на жртвата беа пронајдени минатата недела во домот на Солис. Инспекторите веруваат дека тој го убил додека се обидувал да го ограби.

Си-Ен-Ен пренесува дека се верува дека Солис е член на насилната криминална група М-13, која е поврзана со шверц на дрога и трговија со луѓе. Доставувачот минатата среда бил во близина на неговиот дом и ѝ испратил порака на сопругата велејќи и дека го има последното доставување од смената и дека наскоро ќе биде таму, рекол шерифот Ноко во некои детали од случајот. Тоа беше последен пат кога сопругата разговараше со него. Таа го пријавила како исчезнат подоцна истата вечер, кога тој престанал да одговара на нејзините пораки и не се појавил дома.

Си-Ен-Ен дознава дека се работи за 59-годишен маж. ГПС откри дека неговата последна локација била куќата на Солис. Надзорна камера го снимила доставувачот пред домот на Солис во 6:56 часот, само неколку минути по неговата последна порака до неговата сопруга. Видеото потоа запира. 

Друга камера покажува Солис и уште едно лице како носат вреќи со ѓубре низ куќата ден потоа. Еден од нив е видно тежок. Инспекторите открија човечки останки во две кеси . Утврдено е дека се работи за несреќниот доставувач. Тие го пронашле и венчалниот прстен на доставувачот и клучевите од станот во куќата на Солис. Имаше крв низ целата куќа. Солис неодамна се пресели во Флорида откако беше ослободен од затвор во Индијана во јануари. Одлежал четири години за напади и грабежи. „Шокирани сме од веста за ова страшно злосторство“, изјавија од Убер.