Демонстранти во Италија ги повикуваа луѓето да ги бојкотираат производите и услугите поврзани со Израел
– Во знак на солидарност со Палестина, во Рим, главниот град на Италија, беше организиран протест, а насобраните ги повикаа луѓето на бојот на израелските производи и услуги.
Во улицата Филарете во Рим, околу 100 демонстранти во петокот одржаа собир на поддршка на Палестина, против израелските напади на Појасот Газа, повикувајќи го населението да ги бојкотира производите и услугите поврзани со Израел.
На собирот се приклучија и претставници на неколку невладини организации носејќи транспаренти на кои пишуваше „Бојкот на Израел“ и „Стоп за геноцидот“.
На протестот е побаран и бојкот на производите и услугите на неколку мултинационални корпорации, како и на израелските производи.
Демонстрантите извикуваа пропалестински слогани и ветија дека ќе одржат слични демонстрации ширум земјата, со цел издигнување на свеста за кампањата на бојкотот.
Израелската војска на 1-ви декември (петок) продолжи со интензивни напади низ Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза. Според податоците на Министерството за здравство на Газа, истиот ден се убиени 178 Палестинци, а 589 се ранети.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.
Оттогаш се убиени повеќе од 15.000 Палестинци, од кои 6.150 деца и над 4.000 жени, објавија здравствените власти на палестинската енклава.
Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.
„Ханибалова директива“ или „Ханибаловиот протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (IDF) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.