Денеска во Скопје се одржува парадата на гордоста, дружбата продолжува во градскиот парк до доцна во ноќта
Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласно и гордо“, денеска во Скопје се одржа годинашното издание на Скопје Прајд.
Почетокот на Парадата на гордоста беше во паркот „Жена-Борец“, во 17:00 часот со собирот на учесниците. Во 19 часот, по кратки поздравни говори, започна протестниот марш по скопските улици.
Настанот продолжи со културно-забавна програма на стадионот „Градски парк“.
Со музика, храна и пијалоци до доцна вечерва во Градскиот парк во Скопје продолжува Парадата на гордоста. Во паркот има штандови со храна и пијалоци, а поставена е и сцена за настап на музичките ѕвезди.
Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваат и голем број на гости од странство, а настанот го поддржаа и дел од политичар(к)ите од власта.