Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, најави дека Комисијата оваа недела треба да го предложи дванаесеттиот пакет санкции против Русија.
орел, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, изјави дека Комисијата може да одлучи за овој предлог на состанокот во среда и да го испрати на одобрување до Советот на ЕУ, пренесува Телеграфи.
„Новиот 12-ти пакет ќе вклучува нови забрани за извоз на, меѓу другото, дијаманти, потоа нови чекори за ограничување на цената на нафтата за да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и нови мерки против избегнување санкции“, рече Борел.
Од почетокот на руската агресија врз Украина, во февруари минатата година, Европската унија одобри 11 пакети санкции против Русија.
Од друга страна, борбите меѓу Украинците и Русите продолжуваат во речиси секој дел од територијата на Украина, со извештаи за загинати и повредени од двете страни.