Денес во 11:00 часот е закажана пленарна седница за избор на техничка влада во Македонија

Пратеникот Талат Џафери до Собранието ја достави Програмата и Предлогот за состав на техничката влада, додека спикерот Јован Митрески седницата за избор на новата Влада ја закажа за денес (28 јануари, недела) во 11:00 часот,

Џафери во владината програма потенцира дека приоритет на оваа Влада ќе биде успешно организирање на слободни, фер и демократски избори на 24 април и 8 мај, продолжување на сите процеси произлезени од преговорите за членство со ЕУ и забрзана европска интеграција, раст и развој на економијата, зголемување на животниот стандард со зголемување на минималните и просечните плати и пензиите во 2024 година, намалување на инфлацијата и одржување на стабилноста на цените и вработеноста, директна поддршка за граѓаните и компаниите во 2024 година, државниот закон, борбата против криминалот и корупција, комплетен државен поредок и продолжување на реформските процеси на сите државни нивоа.

За таа цел, Владата врз основа на широкиот меѓупартиски дијалог ќе овозможи ефикасно спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и други меѓународни организации за да се овозможат највисоки европски стандарди во процесот на изборната кампања и самите избори. , односно да има избори со целосна законитост, легитимитет и консензуално прифаќање на изборната волја на граѓаните“, се вели во програмата на Џафери.

Во предлогот, составот на техничката влада ќе биде: прв вицепремиер на Владата и вицепремиер за европски прашања ќе биде Бојан Маричиќ, додека Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со предлог на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, како и за министер за труд и социјална политика предлогот на Ѓоко Велковски.

На досегашните места остануваат Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи- министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска- министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер а транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина и Фатмир Битиќи, министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска, министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

Се очекува по изгласувањето на техничката влада, утре во Собранието да се одржи уште една седница на која ќе се гласа за дополнителните заменици министри, како и да се верификува мандатот на еден пратеник кој ќе дојде на местото на Талат Џафери, кому му е доверен мандатот да формира техничка Влада.

СДСМ го предложи Митко Бојмацалиев како кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а досегашната министерка Јованка Тренчевска ќе биде дополнителна заменичка министерка во труд и социјала.

ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик– министер за финансии ја предложи Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај, а ќе функционира до изборот на новата влада. Две недели претходно ќе се одржат претседателските избори.