ДЕНЕС Е АНАСТАСИЈА ГУДЕЉ, А ВАКА СЕ ЗАПОЗНАЛА СО МАЖОТ НА НЕЈЗИНИОТ ЖИВОТ: Непланирана средба целосно им го промени животот
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ го кажаа судбоносното „да“ и љубовта ја крунисаа со брак .
Љубовната приказна на овој млад пар започна преку пријател, а по неколку заеднички излегувања започнале врска.
– Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска само еден месец, а таа пред неколку дена отиде да се види со своето момче. Случајната средба преку заеднички пријатели смени сè – рекол извор на почетокот на нивната романса.
Светлана Цеца Ражнатовиќ ги сподели првите впечатоци и откри што им посака на младенците.
-Пресреќна сум, славиме љубов, Што би посакала мајка за своето дете освен среќен и долг брак полн со љубов и почит – изјави Цеца за Курир.