ДЕНЕС ЖИВЕЕ ВО СЕЛО УНИШТЕН ОД БОЛОВИ! Беше идол на МИЛИОНИ, а неговата ќерка ја откри ТЕШКАТА ВИСТИНА! Неодамна преживеа семејна драма
Иако заработи многу пари во својата исклучително успешна кариера, легендарниот италијански фудбалер Роберто Баџо не ужива во луксузниот живот.
Добитникот на Златната топка во 1993 година живее далеку од очите на јавноста, во село во провинцијата Виченца, во скромна куќа опкружена со густа шума. Иако можеше да купи кој автомобил сака, тој вози Fiat Panda 4×4 стар речиси четири децении.
Тој максимално ужива во пензијата и не ги следи премногу актуелните случувања во фудбалот.
За жал, бројните повреди кои ги имаше во текот на кариерата оставија сериозни последици.
Неговата постара ќерка Валетина откри дека популарниот „Малиот Буда“ има сериозни проблеми со колената.
„ Не знам што би дала за да го видам на теренот уште 90 минути. но без болки во колената. Ми недостига возбудата да го видам како трча кон голот, дрибла, успорува и потоа … Гооол, таа радост, врескавме како луди “, вели Валентина и додава…
„ Тој не играше од неговото пензионирање. Дури и кога игра со нас во дворот, тој се откажува по вториот дриблинг, бидејќи има силни болки и се плаши повторно да не се повреди “.
Таа откри дека и било многу тешко да го види таков.
„ Едно нешто што навистина ме боли е да го видам уништен на 57-годишна возраст “.
Семејството Баџо неодамна помина низ голема драма откако нивниот дом беше ограбен од провалници за време на натпреварот на Италија против Шпанија на Европското првенство во Германија.
Роберто им се спротивставил, но бил претепан и повреден, поради што бил примен во болница на лекување. Крадците од куќата однеле вреден накит, часовници и други вредни предмети.