Денес започнува прекин на огнот и ослободување на заложниците: Договорот со Хамас е правилна одлука

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече правилна одлука договорот со исламистичкиот Хамас за прекин на огнот со цел ослободување на дел од израелските заложници и ослободување на одреден број Палестинци од израелските затвори!

Според договорот, до сто израелски заложници треба да бидат разменети за најмногу 300 палестински затвореници.

Војната продолжува

Нетанјаху, сепак, посочува дека војната против Хамас ќе продолжи и по четиридневното примирје, кое треба да стапи на сила денеска во десет часот по локално време (девет часот по наше време) и по 24 часа да се утврди како ќе бидат ослободени заробените Палестинци и заложниците. 

– Договорот е правилна одлука. Враќањето на сите заложници е етичко прашање. Војната ќе продолжи и ќе ја постигнеме нашата цел, а тоа е уништување на Хамас – рече Нетанјаху.

Тој исто така рече дека и’ дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да ги пронајде членовите на раководството на Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство. 

– Дадов инструкции на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се.

Илјадници жртви

Американски официјален претставник изјави за Си-Ен-Ен дека одлуката за одложување ја донел Израел заедно со Катар и Египет и дека е потребно повеќе време за финализирање на деталите за да се минимизира можноста нешто да тргне наопаку. Американски официјален претставник изјави дека нема причина за загриженост и дека Израел сè уште не добил список со имињата на првата група заложници што требаше да бидат ослободени.

Како одговор на ненадејните напади на 7 октомври, во кои загинаа околу 1.300 израелски цивили и војници, Израел вети дека ќе го уништи Хамас и продолжува да го бомбардира Појасот Газа.

Повеќе од 14.000 луѓе загинаа, Палестинците тврдат дека 5.800 од нив биле деца. 

Уапсен директорот на болницата

Прикажани се подземни тунели

Израелската војска објави дека открила повеќе делови од, како што тврди, тунелниот систем на Хамас под болницата Ал Шифа во градот Газа. Објавени се видеа и фотографии од тунели и подземни магацини.

Директорот на болницата Ал Шифа во Појасот Газа, Мухамед Абу Салми, беше уапсен од израелски војници, кои велат дека таму бараат воени постројки на Хамас.

Хамас остро го осуди апсењето на директорот и го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да работи за негово итно ослободување.