Сите многу добро знаеме дека храната што ја консумираме влијае на нашето здравје, а меѓу другото и на состојбата на нашата кожа. Како што објаснуваат дерматолозите за Eat This, постојат одредени намирници за кои е докажано дека и штетат на нашата кожа, па затоа треба да ги избегнуваме или барем да ја минимизираме нивната консумација.
Работата е што овие намирници првенствено содржат големи количини на заситени масти, нитрати и шеќер, а токму тие се штетни за кожата бидејќи доведуваат до воспаление, а со тоа и до појава на мозолчиња или акни. Овие намирници се следните:
- преработено месо и месни производи
- млеко
- млечни производи
- пржена храна
- мајонез
- пекарски производи, колачи, бисквити
- бел леб
Покрај споменатите намирници, дерматолозите како особено лоши за кожата ги истакнуваат и намирниците со висок гликемиски индекс. Како што велат, овие намирници се најголемиот непријател на колагенот во кожата. Тоа се првенствено храна како чоколадо, чипс или газирани пијалоци.
Причината зошто тие се толку штетни се големите количини на шеќер кои предизвикуваат зголемување на нивото на инсулин предизвикувајќи воспаление и оштетување на слободните радикали. Освен мозолчиња и акни, истражувањата покажуваат дека прекумерното консумирање на оваа храна доведува до порано појавување на брчки, односно предвремено стареење на кожата.