Дерматолозите тврдат: Овие намирници го забрзуваат растот на косата, но мора да бидете внимателни

Ако сакате да го забрзате растот на косата, најдобро место за почеток е вашата исхрана.

Исхраната влијае на сите аспекти од нашиот живот, вклучувајќи го и растот на косата.

“Изреката дека сме тоа што јадеме не е шега. Урамнотежената, добро заокружена и хранлива исхрана е неопходна за здравјето и растот на косата”, велат фризерите.

Ако сакате да го забрзате растот на косата, треба да ја збогатите вашата исхрана со протеини и аминокиселини како што се Л-цистеин и Л-лизин.

„Добро балансирана исхрана за здравјето на косата треба да вклучува витамин Д, витамин Ц, фолна киселина (витамин Б12), рибофлавин (витамин Б2), биотин, железо, цинк, селен, антиоксиданси и омега-3 и омега-6 масни киселини и доволно макронутриенти како протеини и здрави масти“, истакна таа.

Целта е да не се претерува. Иако витаминот А помага за здравјето на косата, премногу од него може да има спротивен ефект. Исто така, премногу различни витамини и минерали може да имаат негативни системски ефекти. Затоа, јадете ја храната наведена подолу умерено. Најдобра храна за раст на косата:

  • посно месо
  • грав
  • спанаќ
  • авокадо
  • јаткасти плодови и семиња
  • лосос
  • јајца
  • житарици
  • агруми
  • јагоди
  • пиперка
  • супа од коски