ДЕСТРУКТИВЕН ЗЕМЈОТРЕС од 6,2 степени го погоди Островот: Сеизмолошката служба упати итен повик, земјата силно се тресеше во Индонезија!

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Дои во провинцијата Северен Малуку во Индонезија.

Ова го соопшти Индонезиската сеизмолошка и метеоролошка служба.

„Земјотресот се случи во 4.45 часот по западно индонезиско време“, се вели во нивното соопштение.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 105 километри.

Се уште нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Се проценува дека нема опасност од цунами .